Малта: Започна судски процес против двајца браќа обвинети за убиство на новинарка пред 5 години

Од:

Двајца браќа денеска беа изведени пред судот во Малта под обвинение за убиство на новинарката Дафне Каруана Галисија на 16 октомври 2017 година, кога нејзиниот автомобил беше кренат во воздух, јави ДПА.

Доколку бидат осудени за поставување и активирање на бомбата, Џорџ и Алфред Ди Џорџо би можеле да добијат доживотен затвор. Судскиот процес, кој започна речиси пет години по злосторството, го води совет од пет судии.

Каруана Галисија, една од најпознатите новинарки на Малта, редовно објавуваше блогови со обвиненија за корупција. Пред да биде убиена, таа имала објавено „протечени“ податоци за проект за изградба на електрана.

Браќата Деџорџо беа уапсени и обвинети за убиство во декември 2017 година, заедно со третоосомничениот, Винс Мускат, кој се изјасни за виновен во 2021 година и стана заштитен сведок. Според обвинителството, тројцата мажи ја ставиле експлозивната направа под седиштето на автомобилот на новинаротката. Џорџ потоа ја активирал бомбата преку мобилен телефон од брод во морето, додека другите двајца од удобна позиција го гледале домот на Каруана Галисија.

Како гнарачател е обвинет и истакнатиот малтешки бизнисмен Јорген Фенек, кој е акционер во проектот за електрана што го истражувала Каруана Галисија. Обвиненијата против бизнисменот се засноваат на сведочењето на таксист кој дејствувал како посредник меѓу Фенек и браќата Деџорџо. Возачот е ослободен од одговорност, а бизнисменот ги негира сите обвиненија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски