19-годишната Аделиса Мусиќ од Гостивар се бори за својот живот, во клиничкиот центар во Сараево, откако нејзиното момче и нанело убодни рани. Семир Хоџиќ сакал да ја убие својата девојка, бидејќи сакала да ја прекине љубовната врска.
Драмата се случила пред два дена, во населбата Соколовиќ, поточно во автомобил. Хоџиќ, откако на девојката и нанел убодни рани од нож, се избол и себе си во градите и стомакот.
Двајца биле пренесени во Клиничкиот центар во Сараево, при што им биле констатирани тешки убодни рани. Лекарот, Зувдије Кандиќ изјави дека девојката веднаш по приемот била оперирана.
-Таа во моментов е на апарати и нејзината состојба е многу сериозна. Се работи за рани опасни по животот. Избодена е по целото тело, од глава до петици. Момчето исто така е оперирано, но тој е во подобра состојба – изјави Кандиќ.
Елена Георгиевска