Македонците во Албанија бараат нов попис

Од:

После заедничата Декаларција на Македонците во Албанија со другите малцинства во Албанија, каде не ги признаваа официјалните пописни резултати, денеска во Корча македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, одржа прес-конференција каде пред албанската јавност. Едмонд Темелко ја прочита Декларацијата на Македонска алијанса за европска интеграција, Македонската заедница во Албанија и македонските здруженија во Албанија.

„Македонска алијанса за европска иннтеграција изјавува пред албанската јавност, државните и меѓународните институции, дека не ги признава официјалните податоци од Пописот 2011. Како што и предупредивме пред една година, процесот на пописот, не беше прав и транспарентен процес. Пописот со прашање за националноста беше барање на македонското малцинство уште на почетокот на 90-те години, како и Советот на Европа во сите негови резолуции за Албанија, за спроведување на Рамковната Конвенција за заштита на малцинствата, Извештајот за напредок на Европската Комисија против Рацизмот и многу други институции, инсистираа на реализирање на еден ваков процес“, се вели во Декларацијата.

Ова Декаларација освен Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, ја подржаа и Македонската Заедница во Албанија со седиште во Тирана, Македонскто здружение „Гора” од Гора, Македонскто здружение „Мост” од Голо Брдо како и македонскто здружение „Друштво Преспа” од Мала Преспа.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек