Македонското национално малцинство во Албанија е против новата административно-територијална поделба со 61 општина и бара општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни.
Од Македонско друштво „Илинден“ – Тирана и Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, Огранок Голо Брдо посочуваат дека се против новата административно-територијална поделба, со 61 општини усвоени од страна на собраниската комисија за територијалната реформа зашто ја опфаќа само општина Пустец. Бараат и општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни, бидеќи таму живеe голем дел на македонското малцинство и се надеваат дека парламентот на Република Албанија, нема да дозволи да се гласа новата мапа на административно-територијалната поделба.
– За македонското национално малциство во Република Албанија припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора е чекор назад за почитувањето на правата на Македонците, нагласуваат од Македонското друштво „Илинден“-Тирана и неговиот Огранок од Голо Брдо.