Македонците и Црногорците се најнеблагодарни купувачи

Од:

Словенија е првата држава во регионот во исполнување на стандардите за квалитетот на услугите на продажните места, покажуваат истражувањата.

Во истражувањето кое што го спроведе компанијата Хераклеа во соработка со агенциите за тајно купување, Словенија го зазеде првото место, додека на второто е Хрватска.

Компанијата Хераклеа од минатата година ја зеде Агенцијата за истражување на пазарот и маркетинг.

Словенија годинава е на првото место со 76, 74 проценти од исполнетите стандарди, а зад неа се Хрватска, Србија, Македонија, Црна Гора и БиХ.

Во овие шест држави тајни купувачи од 17-ти мај до 22-јуни посетија 800 објекти, како автосалони, туристичко-угостителски објекти, банки, безински станици, супермаркети и слично.

Во предвид беа земени пет основни елементи на добра услуга, како поздравот, утврдување на потребата на купувачот, претставување на производот, нудење на дополнителен продизвод и благодарност за посетата.

Најмногу дополнителни производи се нудат во Словенија, а најмалку во Македонија. Во однос на благодарноста на купувачите, најдобри се Хрватите, а најлоши Македонците и Црногорците.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски