Луѓето мислат дека имаат стомачен вирус, а всушност се ковид-позитивни тврди српски лекар

Од:

Д-р Александар Стојановиќ, директор на српскиот здравствен дом д -р Милутин Ивковиќ, утрово во изјава за телевизија Прва рече дека многу пациенти кои се жалат на болки во стомакот се всушност луѓе позитивни на Ковид-19.

– Вирусот повторно мутираше. Луѓето кои доаѓаа од летни одмори во текот на јули, август и септември, главно од Црна Гора, имаа проблеми со стомачни проблеми, рече тој, додавајќи дека во последните 10 дена, многумина од нив го контактирале својот матичен лекар поради стомачни проблеми и дехидрација, за подоцна да се покаже дека се позитивни на коронавирус, вели српскиот лекар. нТој потенцираше дека 90 отсто од нив се невакцинирани граѓани.

– Што се однесува до смртноста, 95 отсто умираат невакцинирани. Ковид повторно ја покажува својата страна, ние се вртиме околу бројката од 7.000 заразени луѓе, со просек од 50 мртви луѓе дневно и полни болници. Здравствениот систем е преоптоварен, а редиците се формираат веќе во седум часот наутро – рече тој, посочувајќи на проблемот со вакцинирање на лица помлади од 32 години, кој изнесува само 18 проценти.

Би можело да ве интересира

„Кракен“ откриен и во Србија

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи

Во Србија расте бројот на ковид пациентите во болниците

Србија ги укина сите рестриктивни мерки, нема веќе ограничувања за влез во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Патријархот на СПЦ позтивен на ковид

Раст на бројот на починати од Ковид-19 во Србија, можни нови мерки

Катерина Ѓуровски