Љајиќ: Дефинирани се спорните прашања

Од:

Во текот на последните технички преговори во Брисел, тимовите на Белград и Приштина ги дефинираа спорните прашања во областа на телекомуникацијата и се договорија разговорите да ги продолжат по 22-ри мај, истакна денес министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникација, Расим Љајиќ.

Тој прецизираше дека на вчерашниот состанок во Брисел се дефинирани клучните прашања, кои треба да се решат во областа на мобилната, фиксната телефонија, како и фреквецијата, а како посебно спорен проблем се издвои барањето на Приштина да добие нов повикувачки телефонски број.

-Остана двете страни да ги дефинираат своите барања, да достават документи и да ги предложат решенијата-додаде тој.

Министерот наведе дека едно од клучните барање е и Телеком да добие лиценца за работење на целата територија на Косово, а приштинската страна е против тоа.

Тој наведе дека новата средба на преговарачките тимови е закажана по 22-ри мај, по средбата на Дачиќ и Тачи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија