Љајиќ: Без договор во Брисел, евроинтеграцијата на Србија ќе биде стопирана најмалку за две години

Од:

Српскиот вицепремиер Расим Љајиќ оцени денеска дека ако на 2. април во Брисел не биде постигнат договор меѓу Белград и Приштина, најмалку за две години ќе биде стопирана европската интеграција на Србија и Владата сигурно ќе биде во тешка позивија ако не добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

– Ако нема договор во Беисел, веројатно за Србија ќе биде запрена европската интеграција најмалку за две години поради претстојните избори во Германија и промените во составот на Европската комисија идната година и затоа нема да се занимаваат со Србија, рече Љајиќ.

Тој оцени дека евентуалната реконструкција на Владата и избори по неколку месеци би биле најлоша варијанта за Белград, но за тоа ќе решаваат двете водечки партии во земјата и пред се Српската напредна партија.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија