Лазаров: Србија нема потпишано договор со ЕУ за Фронтекс

Од:

Помошник- министерот за внатрешни работи на Србија и шеф на одделот за меѓународна соработка, европски прашања и планирање Зоран Лазаров, денеска објави дека не е потпишан договор меѓу Србија и ЕУ, што го спроведува Фронтекс.

– Познато е дека постои постапка со која е потребно парафирање таков вид договор, а потоа потпишан и ако е потпишан таков договор, ќе треба да се оди во Националното собрание на Република Србија на ратификација според задолжителната постапка, бидејќи не може да стапи на сила додека не биде ратификуван, вели Лазаров.

Тој, исто така, посочи дека ако претставниците на Фронтекс се стават на српски граници, нивната улога би била заштита на државните граници од мигрантите, само во соработка со српската полиција.

„Дојче веле” вчера објави дека во Брисел тврдат оти Србија се согласила да обезбеди пристап на граничната полиција на Фронтекс и тврдеше дека комесарот за бегалци на ЕУ, Димитрис Аврамопулос, веќе постигнал соодветни договори со Србија, Албанија и Македонија.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада