Лавров: Време е БиХ да ја преземе судбината во свои раце

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија изјави дека е крајно време БиХ „да се ослободи од наметнатото туторство“ на Канцеларијатра на високиот претставник на меѓународната заедница и да ја преземе судбината во свои раце.

Лавров посочи дека Високиот претставник има „диктаторски“ надлежности, кои понекогаш се злоупотребуваат.

– Главна задача на таа етапа е најбрзо да се префрли одговорноста за судбината на БиХ во рацете на локланите сили, истакна Лавров, додавајќи дека Русија и БиХ се заинтересирани за стабилноста на Балканот.

Русија и БиХ потпишаа договор за олеснување на визниот режим, кој предвидува безвизен режим за граѓаните од двете земји во траење од 30 денови.

Лавров најави дека Москва ќе го забрза потпишувањето на договорот меѓу Русија и БиХ за избегнување на двојно оданочување.

Лагумџија истакна дека БиХ сака воспоставување на директна воздушна линија Москва-Сараево. Тој наведе дека БиХ е заинтересирана и за проширување на соработката со Русија во областа на економијата, трговијата, културата, образованието и туризмот.

Би можело да ве интересира

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина

Американски офицер отпуштен поради сексуални престапи во Босна и Херцеговина, ја заврши својата 30-годишна кариера

Додик: Шмит треба да замолчи и да исчезне, а САД не се толку страшна сила за да ги решава работите по телефон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Босанка со пендрек во кафеана го нападна сопругот и неговата љубовница

Горан Наумовски

Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

Молбите на Зеленски ќе бидат слушнати: Ќе му испратат моќни тенкови користени во Босна

А1он