Лајчак во ненајавена посета на Приштина на средба со Курти

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти го пречека претпладнево во неговиот кабинет специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија. Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ненајавената средба на Курти и Лајчак се одржува без присуство на медиумите, а нема информации ниту дали по средбата ќе има прес-конференција.

Посетата на евродипломатот на Приштина се одржува дента кога во Брисел ќе се расправа за укинување на Шенген-визите за граѓаните на Косово.

Претходно, во вторникот, на 11 октомври, косовскиот премиер имаше телефонски разговор со американскиот државен секретар, Антони Блинкен, со кого разговарал за дијалогот со Србија.

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими изјави деновиве дека во текот на овој месец можно е во Брисел да се одржи средба на Курти со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но не го прецизира датумот кога тоа би се случило.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Нерегистрирано во Македонија, движењето на Курти влезе во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши

Курти: Милан Радоичиќ планира нови напади на Косово

Шолц: Вучиќ и Курти ќе го спроведат договореното

Горан Наумовски