Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.Мирослав Лајчак, на Денот на Европа, испрати порака на солидарност и пријателство за партнерите од овој регион.
На својот Твитер налог, лајчак потсети на зборовите на Роберт Шуман, идејниот творец на европското обединување.
.„Пред 70 години, Роберт Шуман рече дека Европа нема да се создаде одеднаш, ниту врз основа на еден план, туку преку конкретни достигнувања и солидарност. Денес, 70 години подоцна, ја испраќаме оваа порака на солидарност и пријателство до нашите партнери во Западен Балкан“, напиша Лајчак на Твитер.