Ладен туш за Харадинај: ЕУ испрати ново писмо со кое поставува „рампа“ за новиот преговарачки тим на Лимај

Од:

Претставниците на ЕУ, Федерика Могерини, комесарот за трговија Сесилија Малмстром и комесарот Јоханес Хан испратија ново писмо до премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, во кое наведуваат дека со едностраните акции, Пришина го загрозила напредокот кој е досега постигнат во дијалогот со Србија.

Европските функционери наведуваат дека дијалогот ќе биде продолжен во истиот формат кој подразбира дека застапник на ставовите за Приштина и учесник во дијалозите е само претседателот на Косово, Хашим Тачи. Со тоа Приштина доби рампа за нов преговарачки тим, кој требаше да го предводи Фатмир Лимај.

Тимот кој требаше да го предводи Лимај е формиран пред неколку дена во Приштина.

Европските функционери во писмото, чија содржина е објавена денес, ја поздравуваат резолуцијата за дијалог, која косовоското Собрание ја усвои на иницијатива на Харадинај, но, како што пишуваат косовските медиуми, укажуваат на тоа дека ЕУ го признава само Тачи за учесник во дијалогот. Инаку, резолуцијата е донесена на истата седница на која што Лимај беше избран за нов шеф на преговарачкиот тим.

Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ потврди дека писмото на Могерини, Хан и Малмстром е упатено до Харадинај, но не сакаше да говори за неговата содржина.

Сепак косовските медиуми објавија дека европската „тројка“ во писмото најпрво ја отфрла оценката на Харадинај, која тој ја изнесе во своето претходно писмо до Брисел, дека малку е постигнато во досегашниот дијалог Белград-Приштина.

– Силно ја отфрламе вашата оценка дека дијалогот стагнира. Наместо тоа, дијалогот на чело со двајцата претседатели забележува постојан напредок. Оваа проценка ја поделивме со лидерите на ЕУ и добивме охрабрувачки пораки на поддршка, се наведува во писмото до Харадинај.

Претстваниците на ЕУ сметаат дека Резолуцијата усвоена во косовското Собрание е важна и дека треба да придонесе за продолжување на процесот на конструктивен начин, во рамки на дијалогот на високо ниво.

– Ние ја поздравуваме и ја сметаме за воведен став на Косово, кој косовскиот претседател ќе го изрази во продолжението на дијалогот, се вели во писмото и се истакнува дека за ЕУ дијалогот е единствена реална рамка за решавање на нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“