Куртумлуш: Можно е зад нападот да стои ПКК

Од:

Потпретседателот на турската Влада, Нуман Куртулмуш, утринава изјави дека Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета од турските власти, можеби стои зад нападот во кој синоќа пред стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ во Истанбул погинаа 29, а ранети беа 166 лица.

Во изјавата што ја пренесе телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, Куртумлуш кажа дека „постојат навестувања дека за нападот е одговорна ПКК и дека тоа е очигледно планиран напад“.

-Ќе ги објавиме резултатите од истрагата кога таа ќе биде завршена. Засега не можеме да кажеме ништо конечно, додаде Куртулмуш, пренесуваат британските медиуми.

Потпретседателот на турската Влада рече дека земјите кои упатуваат пораки на осуда за овој бомбашки напад, исто така треба да покажат солидарност со Турција во борбата против тероризмот.

Турција денеска прогласи еднодневна жалост.

Премиерот Бинали Јилдирим нареди знамињата во змејата да бидат спуштени на половина копје, објави турската државна агенција Анадолија.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски