Курти: Средбите со Србија отежнати поради нејзината поддршка на Русија во агресијата врз Украина

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека, по руската агресија врз Украина и поставувањето на Белград на страната на Русија, и средбите меѓу државните претставници на Косово и Србија се значително отежнати спредено со минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната седница на Собранието на Косово, посветена на последиците врз земјата од конфликтот во Украина, Курти рече дека средбите на највисоко ниво, меѓу него и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во голема мерка зависат и од Европската унија.

– Верувам дека состојбата е потешка одошто во минатото. Зависи од поканата од Брисел, но по руската инвазија во Украина и шокантната руска агресија врз украинскиот народ, (…) додека Србија практично застана на страната на Рсуката Федерација, средбите се доведени во многу потешка ситуација одошто минатата година, изави Курти.

Според косовскиот премиер, процесот на преговори меѓу Приштина и Белград е отежнат поради тоа што српските лидери „немаат храброст да се дистанцираат од Руската Федерација и да се приклучат на санкциите“ кон режимот на Путин.

– Европа е во војна, во Украина се брани европскиот континент, се брани западната демократија и наша човечка, граѓанска, демократска обврска е солидаризирањето и поддршката за Украина и за санкциите кон Руската Федерација, а јасно е дека Србија не прави ништо од тоа, изјави Курти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“