Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти повторно изјави, овој пат од Хрватска, дека Србија стои зад нападот на каналот Ибар – Лепенац. Тој рече дека во соработка со сојузниците ги зајакнуваат капацитетите долж границата со Србија со цел да се зголеми безбедноста внатре во Косово.

Нервозата во Белград се претвора во агресивност кон Косово“, рече Курти на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Курти беше прашан за актуелните протести во Србија и нивното потенцијално влијание врз процесот на преговори со Косово. Тој одговори дека Белград не ги научил лекциите од своето минато, нарекувајќи ја Србија паравоена држава.

„Во последните сто и педесет години, Србија имаше само приближно две и пол години демократија. Србија не е демократска земја, не се почитуваат човековите права и малцинските права. Воспоставениот систем во Србија не верува во политички плурализам , нема правна држава и затоа имаме толку жестоки студентски протести… Тие се вратија во она што веќе го знаеме, паравоена држава. Го праќаат Милан Радоичиќ да преземе терористички акции, додека во Белград тепаат студенти од историско искуство знаат како завршува ова, но се чини дека Белград ништо не научил од своето минато. Сакаме добрососедски односи, затоа го имаме Бриселскиот договор“, рече Курти.

Курти додаде дека треба да инсистира во Брисел да се изврши притисок врз Белград за да се почитуваат договорите кои водат кон нормализација.

„Косово е нормална земја, имаме исклучителен економски раст од 6 проценти од бруто домашниот производ во последните четири години, имаме демократски напредок, но нашите нормални односи треба да вклучуваат и нормална Србија. Брисел може да помогне таму многу повеќе од тоа во моментов го прави“, заклучи Курти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ