Курц: Србија да го реши проблемот со Косово пред влегување во ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, рече во интервју за НИН, дека пред влегување на Србија во ЕУ потребна е целосна нормализација на односите со Косово, што би било потврдено и со правно обврзувчки документ.

– Не е во интерес на Европската унија да ги прифати во полноправно членство членките кои се во конфликт со соседните земји, бидејќи тоа би значело „увоз“ на нестабилнсот. Затоа, пред влегување на Србија во ЕУ потребна е целосна нормализација на односите, што би се потврдило и со правно обврзувачки документ, а Брисел е подготвен да го помогне и да го олесни тој процес, рече Курц.

Шефот на австриската дипломатија не ја исклучува ниту можноста дека Србија во моментот кога ќе биде на дофат на членството, ќе мора да се огради од Русија и да ги усвои заедничките надворешно-политички ставови на Брисел.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија