Курц му префрла на Ердоган за „диктаторско однесување“

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, му префрли на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека покажува „диктаторско однесување“.

-Тој земјата ја развива во погрешен и опасен правец. Апсолутно е неприфатливо неговото однесување со критичарите, лицата кои поинаку мислат и малцинствата, порача Курц во изјава за германскиот дневен весник „Велт“.

Во врска со очекувањата на Турција да и пристапи на ЕУ тој истакна дека, иако Анкара сака до 2023 година да стане членка на ЕУ, тоа нема да се случи.

-Европјаните се свесни дека во 2023 година е стогодишнината од формирањето на турската република. Меѓутоа, мора да биде јасно дека земјата се повеќе се оддалечува од Европа, економските последици за двете страни би биле непроценливи, а покрај тоа пристапувањето на Турција ја преоптовари способноста на Унијата за прием на членки, објасни Курц.

Австрија, посочи Курц, го поддржува ставот на германската канцеларка, Ангела Меркел, која го одби моменталното проширување на царинската унија со Анкара.

-Бидејќи во моментов во Турција системаски се прекршуваат човековите права и основни демократски вредности, царинската унија со Турција е целосно нереална, порача Курц.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија