Курц: ЕУ треба целосно да се насочи кон интеграција на Балканот

Од:

Регионот на Балканот е интергрален дел на Европа и ЕУ треба целосно да се насочи кон интеграција на западнобалканските држави, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц во интервју за порталот „Европски Западен Балкан“.

– Проширувањето на ЕУ е најсигурниот начин за ширење на мир, стабилност и порсперитет на западниот Блакан. Без членство на сите (западнобалкански) земји во ЕУ, Унијата ќе биде нецелосна, потенцира Курц во интервјуто, кое целосно ќе биде објавено утре.

Курц нагласува дека еден од главните приоритети за Австрија е европската интерграција на земјите од западен Балкан, па затоа Виена политички го поддржува ширењето на ЕУ кон регионот.

Според него, Австрија е најголем странски инвеститор на западниот Блакан гледано во целина и регионот е приоритет на Австриската агенција за развојна соработка.

– Проширувањето на ЕУ кон западен Балкан би довело до ситуација да имаме победници на двете страни, потенцира Курц, нагласувајќи дека верува оти со евроинтергацијата ќе се затворат сите отворени прашања на Балканот, како она за нефункционалноста на институциите во БиХ или за односите Белград-Приштина.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски