Кулханек го најави Западен Балкан како приоритет на чешкото претседателство со Европската унија

Од:

Чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек го најави Западен Балкан како приоритет на чешкото претседателство со Европската унија во втората половина на следната година.

Смената во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е првиот од трите надворешно-политички приоритети на Чешка за време на нејзиното претседателство од јули до крајот на 2022 година.

„Штета што досега не е одржана меѓувладина конференција за интеграција на Албанија и Северна Македонија, што би помогнало во деблокирање на пристапните преговори меѓу двете земји со ЕУ. Затоа би сакал самит на земјите-членки со Западен Балкан за време на чешкото претседателство“, нагласи Кулханек.

„Би сметал дека е успех ако можеме да го објавиме датумот кога Србија и Црна Гора можат да влезат во ЕУ“, изјаву Кулханек во интервју за чешката новинска агенција ЦТК.

Претходно, чешкиот премиер Андреј Бабиш објави дека треба да се одржи самит на претседателите и премиерите на земјите-членки на ЕУ во Прага.

Шефот на чешката дипломатија за националната новинска агенција изјави дека за време на шестмесечното претседателство не е можно да се постигне суштински пресврт, но можна е промена и дека се надева дека Чешка, како земја-претседател, ќе успее кога станува збор за европска интеграција на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски