Круемади: Владата лаже со бројките на починати од Ковид-19

Од:

Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), Моника Круемади, ги обвини Владата и премиерот Еди Рама за прикривање на бројките на починати лица од Ковид-19.

Гостувајќи во емисијата „Опен“ на телевизијата Топ чанел, уште обвини дека Владата не се справила соодветно со пандемијата.

– Нема добро менаџирање со состојбата од страна на Владата. Бројките не покажуваат ништо. Владата лаже со бројки. Владата лажеше за жртвите од Ковид-19. Мерките не спречија ништо. Зошто, вирусот не останува на улица од пет до 17 и 30 часот? Владата прави пропаганда и не бара прошка за тоа дека овој вирус нè најде неподготвени и не успеавме да се справиме со оваа состојба. Владата не соопшти колку починаа во јануари и февруари, рече Круемади, која е сопруга на шефот на државата, Илир Мета.

Таа го коменираше и приближувањето на Мета и Рама или, како што ја нарекуваат „пролетта меѓу Мета и Рама“.

– Не им е грижа на Албанците дали седнале или станале премиерот и претседателот. Тие сакаат да работат за да ги прехранат своите семејства. Јас како Моника Круемади и ЛСИ како партија не го признаваме Парламентот. Јас не ги земам предвид изјавите на љубов меѓу Мета и Рама. Ова прашање треба да му го поставите Илир Мета, изјави Круемади.

Таа додаде дека е навикната на „маслиновото гранче и ножевите во грб од Еди Рама“.

– Албанците не се заинтересирани за столчето на Круемади или на друг политичар . Во последните два месеца 60.000 Албанци ги загубија своите работни места. За тоа треба да се дискутира, а не за љубовта во односите меѓу Рама и Мета, рече Круемади.

Според официјалните податоци на Министертвото за здравство, во Албанија од вкупно заразените 820 починати се 31 лице.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек