Крај на патувањата: Германија има намера да воведе визи за балканските земји

Од:

Унгарија на границата со Србија гради ѕид за да го намали бројот на илегални влегувања во земјата, Германија, пак, планира да воведе визи за земјите од Балканот – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Македонија и Црна Гора. Причината е што голем дел од лицата кои бараат азил во Германија и некои други земји на ЕУ, како што е Франција, доаѓаат токму од Западен Балкан.

Оваа година, околу 220.000 лица побарале азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015 година, тој број ќе се зголеми до 450.000. Во 2014 година тој број изнесувал 202.000.

Дури 40 отсто од лицата кои бараат азил во Германија доаѓаат од Балканот, иако, според Германците, во нивната матична земја не им се заканува прогон. Во земјите на Западен Балкан, на потенцијалните баратели на азил не им се загрозени човековите права, ниту се во опасност, туку се работи речиси исклучиво за обид за преселување од економски причини.
Германската влада пред неколку месеци соопшти дека секој барател на азил од Западен Балкан автоматски ќе биде депортирани од земјата и речиси сите барања за азил се одбиени.

Повторното воведување на визи, особено жестоко бара регионалната влада на Баварија, бидејќи ова германската покраина е географски најблисиот дел од Германија до Балканот, е најчеста мета на барателите на азил. Токму баварската влада од својот буџет издвојува најголем дел трошоци за социјална помош или социјални кирии за овие економски бегалци, а нивниот број во споредба со 2014 година е зголемен двојно повеќе.

– Го поддржувам повторното воведување на визи за овие балкански земји – изјави во интервју за „Ди Велт“ баварскиот премиер Хорст Сихофер.

Инвазијата на баратели на азил започна пред неколку години, кога за граѓаните на земјите од Западен Балкан беше укинат визниот режим за влез во Германија. Во тоа време, експлодираше бројот на луѓе кои доаѓаат во Германија само за да си ги соберат парите од социјлна помош.

Се’ повеќе и повеќе од жителите на државите од Балканот на Германија гледа како на ветената земја.

– Одбивањето на азил во изминатите неколку месеци не му даде многу резултати. Неопходно е да се воведат визи за граѓаните на овие земји за да се регулира нивниот број во Германија , велат Баварците, а нив ги поддржуват и другите германски покраини.

На пат да донесе слична одлука е и Франција, која веќе објави дека нема да дава азил на државјани на Албанија.

– Големиот број на баратели на азил во ЕУ го попречува напорите и ги намалува шансите на нивните земји за влез во ЕУ, сметаат германските и француските аналитичари, пишува „Večernji.hr“.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија