Косовското МНР издаде предупредување: Не патувајте низ Србија

Од:

По апсењето на припадниците на косовската полиција од страна на српските власти – како што тврди Белград, односно „киднапирање“ – според Приштина, косовското Министерство за надворешни работи издаде предупредување до сите кои патуваат кон Косово.

„Ве молиме внимателно да ја следите тензичната безбедносна состојба и да не патувате низ Србија“, наведуваат од косовското Министерство за надворешни работи, пренесува КоСсев.

На граѓаните и на „сонародниците“ им порачуваат да користат други премини до дополнителни информации од косовските институции.

„Со оглед на тоа што во оптек има многу лажни вести кои имаат за цел да шират страв и хаос, следете ја косовската полиција за најновите официјални вести во врска со ова“, додаваат од Министерството.

Предупредувањето доаѓа по апсењето – како што тврди Белград, или „киднапирањето“ – како што толкува Приштина, на тројца припадници на косовската полиција.

Од Белград наведуваат дека станува збор за вооружени специјални единици, со долги цевки и друга опрема, кои влегле во централна Србија, односно општина Рашко, а кои потоа биле запрени од припадници на МВР на Србија.

Би можело да ве интересира

Поранешен портпарол на НАТО: Примете го Косово во НАТО, веднаш..

Јокиќ, Пикси, академици и доктори: Над 2.000 познати се потпишаа за „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“

Предраг Петровиќ

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Истрага за возачот кој го однесе Палевски во Турција: Обвинителството бара да му се продолжи притворот

Дојави за бомби во неколку белградски училишта

Три жени исчезнаа на Косово