Косовската Влада ја откажува посетата на Вучиќ на Дреница поради безбедносни причини

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај претпладнево објави дека ја повлекол дозволата дадена на српскиот претседател Алекдандар Вучиќ за посета на регионот Дреница.

– Безбедноста на граѓаните е над се. Ја повлеков дозволата издадена од Министерството за надворешни работи за посета на српскиот претседател на регионот на Дреница. Одлуката стапува на сила веднаш, објави Харадинај на Фејсбук.

Одлуката на Харадинај уследи по протестот на неколку стотици ветерани на Ослободителната војска на Косово и жители на Скендерај (Србица) и другите населени места од регионот, кои со камиони и дрва го блокираа патот низ кој треба да помине Вучиќ за да го посети тамошното село Бање, населено со Срби.

Според медиумите, повеќето од протестантите се вооружени, а се слушнале и истрели од огнено оружје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на Милорад Додик

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

Вучиќ: Очекувам големо насилство на 15 март, државата ќе знае како да се однесува

Вучиќ: Наскоро на опозицијата ќе и биде „отсвирен“ крај

Вучиќ: Нарушени се сите уставни права на студентите кои сакаат да студираат

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ