Коронавирусот ја одложи расправата во Уставниот суд за разрешување на претседателот Мета

Од:

Уставниот суд на Албанија попладнево информираше дека е одложена расправата, закажана за утре, во врска со одлуката на албанскиот парламент за разрешување на шефот на државата Илир Мета.

Според судот одлагањето е од причина што известителот за случајот се заразил со Ковид-19.

-Прашањето „за разрешување на претседателот на Република Албанија поради тешки повреди на Уставот“, чиј подносител е Собранието на Република Албанија кое на јавната пленарна седница требаше да биде на 18.01.2022 година, во 10:00 часот е одложено за 1.2.2022 година, во 10:00 часот, од причини што известителот на случајот е позитивен на Ковид-19, се наведува во известувањето на Уставниот суд.

Доколку седумте уставни судии одлучат во корист на одлуката на Собранието тоа би било прв преседан на разрешување на шеф на државата.

Разрешен или не од Судот, на Илир Мета за неколку месеци, односно на 24 јули годинава, му завршува мандатот, како што самиот најави, се враќа на политичката арена, на чело на партијата Движење за социјалистичка интеграција(ЛСИ), што тој ја формира, а по изборот за шеф на државата партијата ја предводи неговата сопруга Моника Круемади.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски