„Конструктивна средба“ на Ципрас со Меркел и Оланд

Од:

Синоќешната средба меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се одржа во „конструктивна клима“, соопштија грчки владини извори.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тројцата лидери се согласиле дека е постигнат значителен напредок и се фокусирале на отворените прашања.

Според истите извори, грчкиот премиер говорел за перспективата на земјата за излез од кризата, ако се постигне долгорочен договор. Од своја страна, Меркел и Оланд, истакнале дека тие ја разбираат потребата од таков договор и изразиле подготвеност да помогнат, дури и лично, за наскоро да се постигне договор.

Ципрас денеска ќе се сретне и со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер со кого ќе разговара за текот на преговорите со кредиторите.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија