Кон: Единствен излез од рестрикциите е масовната вакцинација

Од:

Епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека рестриктивните мерки против коронавирусот во Србија даваат резултати, но дека единствениот излез е масовната вакцинација.

-Секако, мерките даваат резултат, се обидуваме да најдеме рамнотежа што е тешко да ја разберат дури и некои лекари. Мора да ги сочуваме работните места, од друга страна, тука е вакцинацијата изјави Кон за ТВ Б92.

Тој ја откри статистиката за бројот на вакцинирани во Белград.

-Белград достигна 42 отсто од луѓето кои примиле барем една доза, а околу 30 отсто што примиле две дози. Оваа ситуација не може да се спореди кога опфатот е едвај двоцифрен. Пад има во Ниш и Нови Сад. Во такви околности, она што може да се очекува е дека таму каде што има поголема обим на вакцинација ќе има побрз пад на вирусот и тоа не може да се игнорира, додаде Кон.

Тој истакна дека на граѓаните им недостасува дисциплина.

-Единствениот излез е масовната вакцинација Јас не напаѓам никого, само оценувам дека не мислам дека треба да ги заоструваме или олабавуваме мерките, не треба да менуваме ништо. Во ризик сме и штета е вирусот повторно да се прошири по велигденските празници. Не очекувам дека тоа ќе се случи, но празниците може малку да го забават падот на епидемијата, кажа Кон.

Тој ја спореди ситуацијата со Израел, каде граѓаните почнаа нормално да живеат .

-Израел само пред десетина дена ги укина маските на отворено. Во Израел не можеше да излезете без маска, тие се носеа цело време, не можеше да најдеш човек без маска на отворено. Моменталната стапка на вакцинација се приближува до 90 отсто, а две дози имаат примено 54 отсто од граѓаните.Тие сега се во ситуација да немаат смртни случаи, да бројот на нови случаи е под 100, па влегуваат во ситуација кога безбедно го чекаат наредниот период, посочи Кон, кој очекува подобрување на состојбата во Србија за 15 дена.

Со сличен став денес излезе и државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, кој изјави дека бројките се охрабрувачки и тие укажуваат на намалување на бројот на инфекции со вирусот, но исто така и обврзувачки и оцени дека епидемиските мерки и масовната имунизација се уште се неопходни.

Тој за РТС кажа дека граѓаните и понатаму треба да се придржуваат до мерките што веројатно ќе останат исти и порача дека е неопходна претпазливост уште два-три месеци, заедно со вакцинирањето, што државата го промовира во неколку модели.

-Остваривме одлични резултати. Го посетуваме секој град, секое село, доаѓаме до секој човек и разговараме. Многу ги опуштивме граѓаните и ги ослободивме од непотребен страв. Фактот дека бројките паѓаат е резултат на вакцинацијата, изјави Ѓерлек.

Би можело да ве интересира

„Кракен“ откриен и во Србија

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи

Во Србија расте бројот на ковид пациентите во болниците

Србија ги укина сите рестриктивни мерки, нема веќе ограничувања за влез во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Патријархот на СПЦ позтивен на ковид

Раст на бројот на починати од Ковид-19 во Србија, можни нови мерки

Катерина Ѓуровски