Комарџијата Ердоган

Од:

Катимерини – Атина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постојано го повишува тонот во бескрајното пазарење од негова страна со ЕУ. Неодамна, тој се закани дека ќе пушти милиони бегалци кон Европа.

– Ние сме тие кои чуваат 3-3,5 милиони бегалци во оваа земја. Вие ги занемаривте вашите ветувања. Ако продолжите, вратите на границите ќе се отворат, рече Ердоган.

Заканата беше предизвикана од резолуцијата на Европскиот парламент во која законодавниот орган бара „замрзнување“ на процедурата за прикличување на Турција додека владата во Анкара продолжува да ги нарушува правата на правната држава.

Европа е само еден од фронтовите на кои Ердоган води битка во последниве месеци. За да биде проценета опасноста од таа битка, треба да се види рамката во која рускиот претседател се движи.

Истакната турски аналитичари истакнуваат дека во Турција во моментов нема друга идеологија освен таа на „ердоганизмот“.

Владата се прави дека управува, а сите одлуки се донесуваат до советот со кој претседателствува Ердоган. Главната грижа на дипломатијата е да служи на внатрешните цели.

Во месеците по неуспешниот државен удар на 15 јули, се поголемиот деспотизам на Ердоган оформи една динамика во која лидерот создава непријатели и после ги уништува за да ја контролира ситуацијата и да дава слика дека гради една нова Турција, подобра од таа создадена од Кемал Ататурк.

Сето тоа ја засега турската и општеството, односите со соседите и претензиите надвор од границите на државата, Тоа е причината заради која непрекинато се оспорува Лозанскиот договор, темел документот на современата Турска република. Историјата се изопачува за да им служи на денешните желби на еден раководител.

Со тек на времето, Ердоган се повеќе оди по еден пат од кој нема враќање назад: тој или ќе продолжи да профитира или ќе ја загуби власта (а тоа може да го чини и по неговиот живот).

Тоа е патот на еден лидер-деспот, кој ги поткопува институците кои треба да ги заштитуваат граѓаните. Принудувајќи ги институциите да му служат само нему, тој ги уништува. Но кога ќе се најде во небрано, нема да има механизам кој ќе го заштити.

Ердоган веќе лансираше еден нов устав кој ќе му даде поголеми овластувања и власт, и ќе му овозможи да остане на претседателската позиција до 2029 година. Тој веќе ја обезбеди поддршката од крајната националистичка партија на Девлет Бахчели, што значи дека располага со неопходнто поголемо мнозинство пратеници за да го смени уставот.

За да ја постигне таа своја цел, Ердоган доби согласност од еден политичар кој го притикуваше повеќе од било кој друг, кога договарше со курдите крај на партизанската војна.

Сега раководителите на курдите се во затвор, а војната со сепаратистите беснее. Истовремено, курдите од Ирак и Сирија со нивното фактички учество во поразувањето на тнр. Исламска држава непрекинато стануваат се посилни и одат кон некаква форма на автономија, а зошто не и независност. Тоест, наместо да гаси еден оган кој се заканува на целовитоста на Турција, Ердоган налива масло на него за да ја пствари својата лична цел.

Додека ги контролира процесите, таа негова тактика му оди во прилог, но кога ќе почне да гуди, тој тешко дека ќе може да застане на свои нозе. Тоа и се надѕира во иднина.

Ердоган не го загубил својот политички реализам, кога тој реализам му озвомжува да продолжи да дејствува слободно. Тоа се гледа од договорите со Русија и Израел – земји со кои односите стигнаа до безизленост. Тој всушност заборава на својата надменост и ги претставува отстапките како тактичка победа. Односите со ЕУ, САД и Грција, преговорите за Кипар, се во контекст на таа логика.

На сите фронтови со заканата „дека ќе ги отвори вратите“ за бегалците тој сака да покаже дека Европејците не сљакаат да ја изолираат Турција, не сакаат да го минисраат договорот од март. Секој компромис ќе му дозволи да каже дека тој е силниот, и дека тој ги одредува процесите. Ако Ердоган ги отвори границите, тој ризикува да ја преземе и цената за настаните во Европа, која на крајот ќе се покаже штетна за Турција.

На тој начин, Ердоган се повеќе пропаѓа во вртлогот на заканите и барањата. Колку повеќе Ердоган не може да ги контролира процесите надвор од Турција, толку повеќе тој ќе подлегнува на сите притисоци со кои ќе се искажува несолгасување и недавање поддршка за него во сопствената земја. А за да ги сплоти своите приврзаници, турскиот претседател ќе треба непрекинато да го повишува тонот во надворешната политика. Тоа не го прави помалку опасен. Блефот и паранојата отсекогаш биле опасно запаллива смеса.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски