Колапс во Пула заради силно невреме

Од:

Почетокот на денот во пула го одбележа силен дожд проследен со грмотевици кој предизвикал поплави и предизвикал сообраќаен хаос.

Автомобилите се пробивале низ водата, а „запливал“ и еден нов кружен тек, по улиците излегувале шахти и сообраќајот бил целосно блокиран.

Според податоците од регионалниот метеоролошки портал, Истрамет, за само три часа наврнале 149 мм дожд.

Под вода било целото централно градско подрачје, а според податоците од локалната противпожарна служба, пожарникарите на терен ја испумпуваат водата од подрумите и другите објекти за домување.

Во некои делови на градот нема струја, додека истарската полиција ги предупредила возачите дека заради надојдената вода се затворени одделни сообраќајници.

Стабилизација на времето се очекува во попладневните часови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски