Коѕиас апелира Грција и Турција да не бидат заложници на минатото

Од:

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас географската положба на Турција и на Грција ја спореди боговски добар зар во табла, и апелираше до двете земји да ја искористат таквата среќа.

– Бог одлучи Турција и Грција да бидат заедно во еден ист дел од светот. Кога бог играше табла, фрли две шестки. Едната шестка и ја даде на Турција, другата на нас. Треба да изнајдеме начин да го искористиме добриот зар во божјата игра на таблата, посочи Коѕиас во интервју за „Хуриет дејли њуз“.

Тој ги повика двете земји да не бидат заложници на историјата.

– Треба да го искористиме минатото како позитивен елемент за иднината, наведе грчкиот министер за надворешни работи.

Коѕиас коментирајќи ги различните погледи на двете земји за реонот во Егејско Море наведе дека „решението може да биде обезбедно преку мерки за градење на доверба“.

Тој истакна дека Грција дала четири предлози, а Турција прифатила една од идеите за поморската безбедоност.

Шефот на грчката дипломатија посочи и дека „оваа генерација треба да изнајде решение“ за проблемот со поделен Кипар, а за новиот лидер на кипарските Турци, Мустафа Аканчи рече дека е „политичар, кој се уште го има некогашниот идентите на Кипарец“.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос