Китаровиќ очекува медиумите да работат одговорно

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ се огласи на Твитер за слободата на медиумите и истакна дека очекува тие да работат одговорно и за доброто на општеството.

– Од почетокот на мандатот заговарав слобода на медиумите… Сакам новинарите да работат слободно, без притисоци кои не доликуваат на демократско општество. Исто така очекувам да дејствуваат одговорно, за доброто на општеството и во согласност со кодексот на својата професија, напиша таа.

Локалните медиуми коментираат дека ова е прв коментар на хрватската претседателка на тема медиуми, по минатонеделниот протест на новинарите против цензура, неслобода, политички и правосудни притисоци.

 

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби