Кипарскиот претседател очекува од преговорите во Швајцарија да помогнат за решавање на некои прашања

Од:

 Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис изјави дека меѓу двете кипарски заедници и натаму има значителни разлики, но изрази надеж дека преговорите следната недела ќе можат да се решат некои од овие прашања, пренесува БТА.

Анастасиадис, заедно со лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи ќе учествува на преговорите следната недела во Швајцарија, меѓу 7 и 11 ноември, закажани за да помогнат за изнаоѓање на решение за кипарскиот проблем.

– Остануваат несогласувања по одредени прашања за кои се дискутира. Најважните прашања за безбедноста и територијата – кои се решавачки – се уште не биле тема на некој сериозен дијалог, изјави Анастасиадис на денешната прес-конференција.

– Познато е дека за двете теми има сериозно несогласување во позициите на двете страни, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар