Кипарскиот претседател ќе и се обрати на нацијата за спасувачкиот план договорен со ЕУ

Од:

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис се очекува вечерва да и се обрати на нацијата за да го одбрани спасувачкиот план во износ од 10 милијарди евра, договорен со ЕУ, што, меѓудругото, вклучува досега незабележен данок врз банкарските депозити, пренесо француските медиуми, повикувајќи се на портпаролот на претседателот.

Претседателот, кој во Брисел ја склучи спогодбата што предвидува воведување данок врз сите банкарски депозити во замена за заем од 10 милијарди евра, се очекува на нацијата да и се обрати вечерва околу 21 часот.

Кипарската државна телевизија претходно соопшти дека претседателот за утре го откажа обраќањето кон нацијата, што првично беше предвидено за утринава.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар