Кипарскиот Парламент ја проверува листата на Кипарци со сметки во странство

Од:

Парламентот на Република Кипар ја проверува листата на Кипарци, со банкарски сметки во странство, пишува весникот „Филелефтерос“.

Парламентарната Комисија за финансиска контрола побарала писмено од министерот за финансии да и даде список со имиња на лица, кои поседуваат сметки во банки во Швајцарија, како и листа на сите Кипарци, кои имаат сметки во странство.

Под лупа ќе бидат ставени сметки во износ од сто милиони евра.

Неодамна во печатот се појави листа со имиња на 134 кипарски Грци, кои поседуваат офшор сметки во филијала на британсакта банка Ејч-Би-Си, на островот Џерси, за кои постои сомневање дека се поврзани со корупција и затајување на данок.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар