Кипарскиот архиепископ ја обвинува комунистичката влада за ситуацијата во земјата

Од:

Комунистичката влада е виновна за ситуацијата на Кипар, изјави во интервју за грчката телевизија „Скај“ архиепископот на Кипар Хризостом.

Според него, претходниот кабинет сакал да ги направи „сите богати – сиромашни и ја постигнал целта“. Според Хризостом, сите кои ја довеле земјата до оваа ситуација треба да одговараат пред лицето на законот.

Кипарскиот архиепископ смета дека претседателот Никос Антастасиадис заминал неподготвен на седницата на Еврогрупата на 15 март на која беше одлучено Никозија да добие спасувачки заем од 10 милијарди евра, доколку претходно обезбеди 5,8 милијарди евра. За „Скај“ Хризостом вели дека притисокот на европските партнери над Анастасиадис бил неподнослив.

Во однос на намерата на Кипарската православна црвка да го стави под хипотека својот имот за да помогне во спасувањето на островот, архиепископот изјави дека „имотот на црквата е на народот, тој има право над него и кога има потреба тој му е на располагање“.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар