Кипарската влада утре преговара со тројката меѓународни кредитори

Од:

Претстојат важни преговори меѓу кипарската Влада и тројката меѓународни кредитори во понеделник.

Се очекува на средбата да биде разјаснето прашањето за стабилноста на државниот долг.

Доколку се дојде до заклучок дека долгот е стабилен ќе се повлече барањето на кредиторите за продажба на профитабилните државни компании.

Според владини претставници сумата за финансирање на државниот долг и рекапитализација на банките нема да надмине десет милиони евра.

Република Кипар, која е погодена од грчката должничка криза преговра за заем, чиј износ се уште не е утврден, но се претпоставува дека земјата има потреба меѓу 11 и 17 милијарди евра.

Меѓународните кредитори денеска го претставија на кипарските власти конечниот список со условите од програмата за финансиска помош на земјата, јавија кипарските медиуми.

Тројката кредитори ги заостриле своите барања зголемувајќи го процентот на буџетски намалувања и кревање на даноците до 1,2 милијарди евра. На почетокот на преговорите, пред четири месеци, стануваше збор за потребно штедење во вредност од 975 милиони евра.

Државната телевизија Си-Вај-Би-Си објави дека во суштина условите на тројката останале исти, наспроти барањата на владата доверителите да ја земат во предвид локалната ситуација и да ги намалат барањата. Телевизијата наведува дека доверителите остануваат на тоа да биде укината 13. плата, да бидат приватизирани државните претпријатија и да биде запрена државната финансиска помош на фондот за социјално осигурување.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар