Кипарската Влада ги прогласи за херои жртвите од експлозијата во военопоморската база во 2011

Од:

Кипарската Влада реши да оддаде почит на 13-те жртви од експлозијата на 11 јули 2011 година во военопоморската база на островот, прогласувајќи ги за херои.

Одлуката на Кабинетот доаѓа откако пред два дена судот во Никозија прогласи за виновни четири лица, вклучувајќи поранешен министер за одбрана.

Роднини на жртвите сметаат дека судската одлука е неправедна, бидејќи е прогласен за невин поранешен министер за надворешни работи. Тие исто така го обвинуваат и главниот обвинител за процесот и се одлучни да покренат постапка против поранешниот претседател Димитрис Христофиас.

Владата одлучи да ги зголеми до 10.000 евра сумите кои ќе се одделуваат од државната фондација на сите деца на жртвите од експлозијата. Експлозијата пред две години предизвика политичка криза во земјата.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар