Кипар – жртвата на Ердоган?

Од:

Катимерини – Атина

И покрај напорите на меѓународната заедница да испрати порака исполнета со многу оптимизам околку очекувањата за брзо решение за кипарскиот проблем, во последниве денови и по средбите кои се одржаа во рамките на Генералното собрание на ОН, меѓу кипарските Грци, кои се изложени на силен притисок, владее гоелма загриженост и вознемиреност. Тој притисок е резултат на еден неосмислен чекор.

Претседателот на Република Кипар, Никос Анастадиадис, јавно изјави дека освен реалниот напредок кој навистина се одразува по многу прашања, се гледа застој. Тој објасни дека кипарските Грци нема да прифатат решение, ако на праведен и баланисран начин не бидат надминати и остатантите несогласувања.

Шефот на кипарската држава потенцира дека со своето досегашно однесување покажал дека има елан, смелост и решителност да донесе тешки решенија. Тоа навистина е така и не претставува реторичко претерување. Меѓународната заедница го знае истото.

Во 2004 година, Никос Анастадиадис го поддржа „планот на Анан“, на поранешниот генерален скретар на ОН, за повторно обединување на Кипар наспроти повеќето кипарски Грци кои го отфрлија.
Во разговор кој авторот на статијата го водеше во Анкара со Ахмет Давутоглу во пролетта 2013 година, непосредно по изборот на Анастадиадис на претседателската позиција на Кипар, тогашниот турски министер за надворешни работи ја призна неговата смела позиција и од таа гледна точка изрази надеж дека овој пат проблемот со етнички поделениот остров Кипар ќе биде решен.

Но, оној Анастадиадис кој го поддржа планот на Анан, сега ја повикува меѓународната заедница – на прво место Вашингтон кој игра извесна посредничка улога – да не се обидува да го искористи кипарскиот проблем во своите пошироки интереси.

Чувството кое се создаде последниве денови во ОН, е дека американската надворешна политика е насочена кон тоа да се најде заложник на „причината Ѓулен“ од една страна, и на приоритетите на Вашингтон во Сирија од друга. И за да не се конфронтираат со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по уште едно прашање, Американците – а тоа останува да се види – се подготвени да го жртвуваат Кипар.

Со други зборови, да му предложат на шефот на турската држава решение кое нема да вклучува отстапки од негова страна за да не се изложува пред „кемалистите и националистите кои го ќе критикуваат дека го оставил Кипар незаштитетн“.

Но, дали САД не треба да тргнат на друг начин кон целиот тој проблем, затоа што се појавува во момент кога турскиот претседател отворил толку фронтови – со САД заради Ѓулен, и заради американската поддршка на курдските бунтовници, а со ЕУ заради бегалците и укинувањето на визите – има простор да го држи отворен и „фронтот“ за Кипар и продолжува да се залага за еден режим во северниот дел на островот, нефункционален и несоодветен со нормите за европска држава.

Без да ја игнорира улогата на Турција, Вашингтон не може да не сфати дека „малиот остров Кипар“ по линија на партнерство е со Грција, Израел и Египет, и потенцијално би можел да биде негов „голем сојузник“ во Источниот Медитеран.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар