Кипар: Усвоени три од осум мерки поставени како услов од ЕУ

Од:

Парламентот на Кипар ги одобри првите три од осум мерки на Владата во настојувањето да се исполнат условите кои ги постави Европската унија за спасување на кипарската економија.

Кипарскиот парламент усвои три законски мерки, за реструктуирање на втората по големина кипарска банка Лаики (Народна банка), за создавање инвестиционен Фонд на солидарноста и контрола над движењето на капиталот, со што се предвидува ограниќување на некои финансиски трансакции. По ова, банките во вторник повторно ќе почнат со работа по 10-дневен прекин.

На итната седница, доцна синоќа е усвоен и законот за реконструирање на банките со кој се предвидува поделба на банките на добри и лоши, за Кипар да може да добие помош. Никозија до понеделник треба да собере 5,8 милијарди евра за да може да добие помош од 10 милијарди евра од еврозоната и ММФ за да избегне банкрот.

Пратениците во кипарскиот Парламент треба да расправаат и за серија „тешки“ мерки, како што е прифаќање данок од 10 отсто на банкарските депозити поголеми од 100.000 евра, објави Танјуг.

Владата ќе мора да го „протурка“ целиот пакет до понеделник или ќе се соочи со одбивање на Европската централна банка да издвои итни финансиски средства за спасување на кипарските банки.

Кипарскиот парламент два пати го одложуваше гласањето за предлогот на кипарските и европските функционери за данок од 6,75 отсто за депонентите кои имаат до 100.000 евра и 9,9 отсто за оние со влогови поголеми од 100.000 евра, данок кој би ги погодил не само Кипраните, туку и илјадници Европјани и Руси кои имаат деловни интереси на островот.

Одбивањето на тие мерки би го блокирало пакетот финансиска помош, кој му е многу потребен на Кипар за да ги сочува банките, а Владата да ги исплати платите и социјалните програми.

Министрите за финансии, членки на еврозоната, утре во Брисел ќе разговараат за начинот на решавање на финансиската криза на Кипар. Потврдено е дека на состанокот ќе присуствува и генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.

Поради финансиската криза во Кипар, ЕУ на неопределено време на одложи за понеделник закажаната средба на врвот ЕУ – Јапонија. Претседателот на Еврокомисијата требаше да отпатува за Токио, со денешна посета на Моголија.

Државната телевизија соопшти дека претседателот Никос Анастасиадес денеска ќе отпатува во Брисел за да го претстави планот пред потенцијалните кредитори.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар