Кипар: Нема да банкротираме

Од:

Кипарскиот министер за финансии, Михалис Сарис изјави дека е постигнат значаен напредок во разговорите со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, додека претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес се надева дека наскоро ќе се дојде до решение со кое ќе се избегне банкротот.

-Вложивме големи напори. Се надевам дека за кратко време ќе дојдеме до вистинското решение- напиша Анастасијадес на својот „Твитер“.

Сарис изјави дека е постигнат значаен напредок во разговорите со меѓународните кредитори.

Повикувајќи се на високорангираните кипарски официјални лица, агенцијата „Ројтерс“ пренесе дека Никозија веќе има договор со кредиторите на ЕУ и ММФ за еднократен данок од 20 проценти, за депозити поголеми од 100.000 евра во најголемата Кипарска банка.

Руската државна агенција додава дека властите во Кипар се под притисок на тројката која се откажа од национализација на пензиските фондови и вклучување на тие средства во националниот антикризен пакет.

Според европскиот комесар за економски и финансиски прашања, Оли Рен случувањата од последните денови не даваат надеж за оптимално решение, па Кипар и покрај тоа што го очекува тешка иднина, мора да донесе одлуки без можност за избор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар