Кипар не се откажува од блоката на европскиот пат на Турција

Од:

Кипар денеска соопшти дека нема да се откаже од блокадата на пристапните преговори на Турција со Европската унија, со што може да ги загрози плановите на лидерите од ЕУ за „заживување“ на турскиот европски пат во замена за помошта за Анкара во решавањето на бегалската криза, што ја погоди Европа.

-Причините заради кои (преговорите) се замрзнати не престанаа да постојат, рече кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидес за грчката телевизија НЕТ.

„Како што сега стојат работите, ние не можеме да дадеме наша согласност за продолжување на преговорите“, истакна тој.

Лидерите на ЕУ минатата недела ветија дека повторно ќе ги разгледаат долго закочените пристапни преговори со Анкара, финансиската помош и визните олеснувања во замена за помошта на Анкара во бегалската криза која доведе стотици илјади бегалци од воените подрачја на Блискиот исток и Африка во Европа.

Касулидес посебно се осврна на две поглавја или политички области во турските пристапни преговори, кои Кипар ги блокираше, а се однесуваат на правосудството и основните права на човекот, односно на правдата, слободата и безбедноста.

Кипар, што од турската инвазија во 1974 година е поделен долж етничките линии на островот, во 2004 година стана членка на ЕУ.

Европската унија смета дека владата на кипарските Грци во Никозија го претставува целиот остров, додека само Анкара ја признава администрацијата на северот на Кипар.

Од 35 поглавја во рамки на турските пристапни преговори, Кипар блокира шест, меѓу кои и тоа што се однесува на енергетиката, потсетуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар