Кипар најверојатно ќе добие заем на триесет години

Од:

Кипар веројатно ќе добие заем на триесет години, чие исплаќање ќе почне десет години по потпишувањето на договорот со меѓународните кредитори, а каматата нема да биде над три проценти, објави електронското издание на кипарскиот весник „Филелефтерос“.

Се верува дека земјата во 2016 година ќе оствари буџетски суфицит, кој ќе биде доволен за отплата на каматата на заемот. Не се исклучува можноста пред крајот на 2013 година Никозија финансиски да ги искористи резервите на природен гас во својата економска зона.

Весникот наведува дека првиот тест за прелиминарниот договор постигнат меѓу кипарската Влада и тројката меѓународни кредитори ќе биде на 12 декември, кога ќе биде разгледан на седница на министрите за финансии од еврозоната.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар