Кипар најави дека може да прими 300 бегалци и преферира тие да се христијани

Од:

Кипар соопшти денеска дека ќе може да прифати до 300 бегалци од Блискиот Исток во рамки на новите квтори на Европската унија, но преферира тие да бидат христијани.

Медитеранскиот остров со околу еден милион жители е најблиската европска држава до Сирија, која се наоќа на околу сто километри источно од Кипар.

Кипарскиот министер за внатрешни работи Сократис Хасикос изјави дека поради големината на островот неговиот капацитет е ограничен.

– Ние веќе најавивме дека можеме да прифатиме од 260 до максимум 300 лица. Би сакале тие да се православни хрситијани. Не станува збор дека сме нехумани или дека не сакаме да помогнеме, но доколку сакаме да бидеме искрени тогаш ние кажуваме што преферираме, рече Хасикос.

Тој додаде дека на христијаните ќе им биде многу полесно за да се адаптираат на животот на Кипар.

Извор од ЕУ изјави денеска дека ЕК подготвила нова серија квоти, врз основа на кои земјите-членки ќе ги распоредат 160 илјади бегалци, кои бараат азил, а кои треба да бидат преместени од Италија, Грција и Унгарија.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски