Кипар ќе добие кредит од 10 милијарди евра во рок од 20 години

Од:

Кипарската телевизија Сигма денеска објави дека Кипар ќе добие кредит од 10 милијарди евра со годишна камата од 2,5 до 2,7 проценти.

Одлуката е донесена откако кипарската Влада потпиша со мисијата на тројката меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) меморандум за доделување на антикризна помош.

Првата транша од кредитот се очекува во мај, а потоа средствата ќе бидат доделувани секои три месеци до 2016 година.

Според договорот меѓународните кредитори секој три месеци ќе ги проверуваат буџетските доходи и расходи на Кипар.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар