Кипар и тројката се уште не постигнаа спогодба, преговорите продолжуваат

Од:

Кипарската Влада и претставниците на тројката меѓународни кредитори, Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, се уште не постигнаа договор во рамки на преговорите за доделување финансиска помош за Кипар, кои почнаа вчера во Никозија, а разговорите продолжуваат и денеска.

Претставник на кипарското Министерство за финансии изјави дека на средбата не е постигната согласност за ниту едно од спорните прашања, поради што преговорите продолжуваат и денеска, јави БТА.

Како показател за критичната ситуација е фактот дека кипарскиот министер за финансии Васос Сиарлис го одложил патувањето за Брисел, каде денеска има состанок на Еврогрупата.

Аналитичарите велат спорни прашања се пред се буџетските кратења кои се поабрани од Никозија во замена за помошта. Кредиторите предлагаат намалување на платите и на неоданочениот минимум од 19.500 евра на 15 илјади евра. Тројката бара дополнителни рестрикции во износ од 1,2 милијарди евра поради падот на економските показатели на островската држава.

Во врска со откривањето на наоѓалишта на природен гас во Кипар тројката побарала сите приходи од гасот да бидат искористени за исплаќање на заемот, кој Владата очекува да го добие.

Кабинетот на кипарскиот претседател сепак предлага дел од тие приходи да се искористат за развој на економијата и за инфраструктурни проекти, поврзани со природниот гас, друг дел да биде инвестиран за помладите генерации, а трет да се искористи за исплаќање на заемот.

Владата во Никозија исто така не ги прифаќа барањата за приватизација на полудржавните компании кои остваруваат добар профит и предлага приватизација на кипарската берза.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар