Кипар бара директна помош за банките од фондот на ЕУ

Од:

Кипарскиот министер за финансии Васос Шијарли изјави дека евентуалниот договор за пакет финансиска помош за неговата земја би требало да вклучува одредба, според која би било можно банките во потешкотии да добијат директна помош од фондовите на Европската унија.

Шијарли рече дека ќе инсистира таквата одредба да биде вклучена при последната рунда преговори меѓу официјална Никозија и Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, а која се очекува да се случи следната недела.

Експертите стравуваат дека можниот пакет помош за докапитализација на кипарските банки, во голема мерка изложени на долговите на грчките банки, и за помош на владата во Никојазија да ги исполни своите финансиски потреби, би предизвикал растење на кипарскиот долг до неодрживо ниво.

Шијарли рече дека средствата од фондот на ЕУ за помош можат директно да бидат пренасочени кон кипарските банки, откако ќе биде основан и пуштен во работа единствениот орган за надзор на банки во земјите кои како валута го користат еврото.

 

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар