КФОР потврди дека го примил барањето на Владата на Србија за враќање на српските сили на Косово и соопшти дека во моментов го разгледува.
„Добивме писмо од Србија и сега го разгледуваме. КФОР останува многу внимателен и целосно способен да го исполни својот мандат што произлегува од Обединетите нации“, велат од КФОР за приштинска Коха.
Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ претходно изјави дека ги информирал претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ дека Комисијата за спроведување на воено-техничкиот договор од Куманово доставила до КФОР писмено барање за враќање на до 1.000 припадници на српската армија и полиција на Косово.