Келнер од Србија бараше плата, газдата брутално го претепа: „Ќе те убијам и ќе те закопам“

Од:

На почетокот на неделата, сопственик на ресторан од Лопуд (Хрватска) е уапсен под сомнение дека му го скршил носот на келнер, државјанин на Србија, и му се заканил дека ќе го убие.

Полицијата го уапсила напаѓачот, а при претресот во неговата куќа и ресторан била пронајдена помала количина дрога, поточно малку хашиш и течен индиски коноп, што резултирало со поднесување кривична пријава, пренесува Дубровник Хералд.

Полициската управа потврди дека во понеделникот попладне дошло до вербален и физички конфликт меѓу 38-годишен хрватски државјанин и 39-годишен келнер, српски државјанин, поради несогласувања околу работата.

Двајцата „актери“ биле под дејство на алкохол, а српскиот државјанин е прекршочно гонет по Законот за странци, бидејќи немал регулиран престој и дозвола за работа, исто така и за нарушување на јавниот ред и мир.

Напаѓачот доби мерка притвор до 30 дена. Насилниот газда на жителите на Лопуд им е познат по претходните испади. Еден од нив е напад на службено лице при полициска интервенција, поради што против него се води судска постапка во Општинскиот суд во Дубровник.

Последниот инцидент се случи на плажата Шуњ. На 28 август околу 17 часот вработениот келнер го прашал газдата на ресторанот кога ќе му ја исплати платата и ќе му го даде ветениот оброк. Гостилничарот го фатил за кошулата, го повлекол кон себе и силно го удрил по главата српскиот државјанин.

Од силината на ударот, келнерот паднал на земја, каде што додека се уште лежел, напаѓачот го удрил неколку пати по главата и го удирал со клоци по телото. Му го скршил носот и му нанел тешки повреди. Покрај тоа, пишува Дубровник Хералд, тој му се заканил: “Ќе те убијам! Ќе те убијам со пиштол и ќе те закопам! Никој нема да те најде”.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Инцидент во Влае: Ученик нападнал наставници, кршел инвентар и истепал соученици

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски