„Катимерини“: Меркел во проштална посета на Грција

Од:

Во следниот период германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Атина, едно од нејзините последни патувања пред да си замине од позицијата, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Повикувајќи се на свои извори, весникот објави дека на Самитот во Словенија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал тет-а-тет средба со Меркел и ѝ упатил покана, која германската канцеларка ја прифатила, а преку дипломатски пат ќе се одреди точниот датум.

-Посетата на Меркел е од практично значење, бидејќи сѐ до формирањето на новата германска Влада, таа останува „централен играч“ во ЕУ, која се соочува со голема енергетска криза што ќе биде главна тема на претстојниот Европски совет. Меѓутоа, има и симболичен карактер: мандатот на Меркел, на некој начин „беше во чекор“ со грчката криза, бидејќи соработуваше со Караманлис, Папандреу, Пападимос, Пикраменос, Самарас и Ципрас, кои еден по друг ја напуштаа власта, пишува „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос