Moжност или модерно ропство – Катар бара куќни помошнички од Балкан

Од:

Високата стапка на невработеност е една од причините поради која што Македонија и Босна и Херцеговина потпишаа договор со Катар за вработување на своите државјанки.

Според Балканист.нет најбогатата држава во светот, со раширени раце ги пречекува овие жени кои треба да живеат и работат во домашни услови под директива на своите газди.

Заменик министерот за граѓански работи на БиХ, Дениса Маглиќ Сарајлиќ, смета дека Катар е една од најдобрите можности за вработување на босанските жени. Ист е ставот и на министерот Средое Новиќ, дека вработените жени во Катар ги имаат сите услови безбедно да ги извршуваат своите работни задачи.

-Причината поради која што го потпишавме овој договор е да ги заштитиме нашите работници од негативните искуства со кои се соочуваат кога бараат работа надвор од државата-истакна Новиќ.

Наспроти ова, големо внимание привлекуваат информациите за лошите работни искуства, бедните плати кои злоставуваните жени ги заработуваат и теророт на кој што се изложени како куќни помошнички, во овие модерни заливски држави.

Со оглед на тоа што Камбоџа, ја одби понудата за договор за вработување на нејзините државјанки, а Филипини, Индонезија и Непал, се обидоа да обезбедат минимална заштита на нивните работници во Катар, се наметнува прашањето „Зошто Македонија и Босна и Херцеговина не го направија истото“. Или пак причина за тоа е силното влијание на Катар врз регионот. Можеби пресудна за Македонија беше новата луксузна амбасада во центарот на Доха, која што неодамна и ја подари Емиратот на Катар.

katarkuka-564x272

Државата со највисок БДП по жител во светот, беше дарежлива и кон Босна. Ја потпомогна изградбата на исламскиот центар и џамија, која важи за една од најубавите во Европа, а ја финансираше и телевизијата Ал Џезеира Балкан.

Како и да е според пишувањето на Балканист.нет, куќните помошнички во Катар имаат третман на робинки. Не смеат да имаат свое живеалиште, своја банкарска сметка, возачка дозвола без согласност на кафилот – газдата. Експлоатацијата оди до таму што вработените не можат да дадат ниту отказ на работодавачот, кој ги присилува по пристигнување да му ги предадат дури и своите патните исправи.

И самите сопруги на работодавачите ги потврдуваат условите во кои што живеат и работат, куќните помошнички. Една од нив вели дека својата помошничка ја чува заклучена во семејната куќа. Хигиенските производи кои што и се потребни ги купува на два месеци и тоа излегувањето до продавницата се изведува под нивен надзор.

Друга пак дека поставила камера во спалната на својата вработена. Тортурата низ која што минуваат овие несреќни жени започнува уште во нивната татковина со потпишување на договорот за одреден месечен надомест, од страна на кафалот.

По пристигнувањето во Катар, газдата им ја намалува платата за половина и ги принудува да работат. Овие жени покрај психичките и физички малтретирања не се поштедени и од сексуалното злоставување.

Животните приказни, на овие куќни помошнички се крајно застрашувачки. Зборовите силувани, тепани па дури и убивани ги има во речиси секоја од сториите на вработените жени.

Приказната за дваесет и четиригодишната куќна помошничка која што во моментот кога била пронајдена мртва, во вилата на својот работодавач, тежела само 39 килограми и имала безброј рани и модринки по целото тело е крајно застрашувачка. Според форензичарите младата жена, најмалку шест месеци била лишана од храна и тепана со вжештено железо.

И покрај тоа што животот нема цена, тој во овој случај е проценет на 40.000 долари, а убиецот е осуден на 3 годишна затворска казна. Овие појави во Катар се случуваат секојдневно поради што Филипини отвори свој Центар за прифаќање на работничките кои што ќе успеат да побегнат од насилните работодавачи.

Официјални лица од индонезиската амбасада велат дека секојдневно кај нив за помош се обраќаат од три жени до пет жени. Оваа појава успеа да ги влоши меѓународните односи на Катар и неколкуте држави.

Индонезија реши да го прекине вработувањето на куќни помошнички во Катар, додека Непал воведе забрана за вработување на жени помлади од 30 години. Сето ова го принуди Катар да бара работнички од државите со висока стапка на невработеност меѓу кои и од БиХ и Македонија, без при тоа да ја гарантира минималната плата и одредените права на вработените.

Минималната плата која што ќе ја добиваат државјанките на Босна и Македонија, според Агенцијата за вработување Ел Авлавија во Доха е 190 долари. Во просек се работи 60 часа неделно, но многу често и по 100.

Доколку се направи пресметка со минималната плата која во Катар ја заработуваат македонските работнички, тоа би било 0,48 долари на час.

Според локалните медиуми, веста за вработувањето на куќни помошнички од Европа го вознемири понежниот пол од Катар. Нивната загриженост од до таму што бараат да не се дозволи вработување на жени помлади од 45 години.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот